Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.
Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Прилеп -9, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259 , а последната дистрибуција по градови е:
Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –417, преку Ветеринарен ф-тет -14, Авицена –11, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –141 и Систина со PCR метода -31. Досега во земјата се направени вкупно 13000 тестирања на ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19.