Уште еден Македонец починал по лекувањето кај српскиот надрилекар Петровиќ, земале кредити и продавале имот за да го платат лекувањето

by Fokus

Уште еден Македонец починал откако почнал да се лекува кај надрилекарот од Србија Мирољуб Петровиќ. Српскиот весник „Блиц“ во денешното издание објавува сведоштво на вујкото на 42 годишниот Ристо Крстевски, Александар Илиевски кој тврди дека неговиот внук Ристо починал по едногодишно лекување со тинктурите на Петровиќ, за кои платил цело богатство, па дури се задолжил и со кредити.

Според Илиевски, кој, како што пишува Блиц е од околината на Прилеп, на неговиот внук Ристо во ноември 2016 му бил дијагностициран карцином на грлото и веднаш се обратил кај Петровиќ. Крстевски се лекувал цела година со тинктурите на Петровиќ, а 12 дена бил и во неговиот центар кај Лесковац. Но, неговата состојба на крајот се влошила и тој починал на 17 декември 2017.

По смртта, Илиевски се обратил до Петровиќ, од кого добил одговор дека се неблагодарни и им порачал да не го бараат повеќе.

Целиот текст можете да го прочитате на Blic.rs

Поврзани новости