Компанијата “Зeгин” донираше и го опреми возобновениот Кабинет за педијатриска пулмоалергологија, во рамките на ЈЗУ Поликлиника Букурешт – Здравствен Дом Скопје со неопходни секојдневни средства за работа, средства за дезинфекција, детски инхалатори, бебешки подлоги за повивање, играчки и детски маски.
На вчерашната промоција на кабинетот за чие возобновување иницијатори се Бадникарските кумови за 2022 година- Александар Митевски и Драган Спасов Дац, уште еднаш се потврди дека хуманоста не познава граници и дека секогаш треба несебично да се помага онаму каде што е потребно
Благодарение на донациите кабинетот е оплеменет, а крајниот и најважен резултат е чувството на пациентите кое треба да буди пријатни и удобни чувства при неговата посета.
Домаќин на промоцијата беше целиот персонал на ЈЗУ Поликлинката Букурешт, на чело со д-р Благица Манчева и нејзиниот тим .
ПР текст