Уште еден ден неуспешни преговори

by fokus

Преговорите меѓу партиите потписнички на Договорот од Пржино и вечерва завршија без договор. Според најавите, нова средба на претставниците на партиите ќе има утре.

По завршувањето на денешните преговори кои се одржаа во резиденцијата на американскиот амбасадор, Џес Бејли, тој за медиумите изјави дека очекува договор да биде постигнат до крајот на неделава.

Главно отворено прашање остануваат ингеренциите на министерот за внатрешни работи. СДСМ смета дека тој треба да има полни ингеренции како сите други министри, додека ВМРО-ДПМНЕ смета дека неговите ингеренции треба да бидат ограничени.

Поврзани новости