Уште еден Албанец од Македонија загина на Блискиот Исток

by Фокус

Во борбите што се водат на Блискиот Исток, загинал уште еден Албанец од Македонија. Како што информираат медиумите, станува збор за 28-годишниот Месуд Мусли од Скопје, кој загинал во престрелка во близина на градот Басра, борејќи се на страната на џихадистите. Тој често патувал во Германија, од каде се смета дека заминал да војува во Ирак и Сирија, каде највлијателна е сунитската организација Исламска држава.

Поврзани новости