И Струга Трим Лум заврши со европските настапи откако и по вторпат минимално со 1-0 доживеа пораз од исландски Бреидаблик во плејофот за пласман во групите од Конференската лига на УЕФА.
По оној пораз од 0-1 во Охрид, стружани денеска загубија пак со 1-0 на реваншот на Исланд, па останаа без можноста да испишат историја со пласман во групната фаза на едно европско натпреварување.
Единствениот гол на мечот за победа на Бреидаблик се случи уште во 3. минута од натпреварот. Еинарсон со прецизен удар го совлада Ќосевски за предност и победа на дуелот.
Струга ТЛ летово стигна до плејофот во Конференциска лига, исто како и Шкупи минатата сезона.
Болно е тоа што втора година по ред други почнаа да си пишуваат историја. Лани клуб од Косово (Балкани), годинава (Бреидаблик) од Исланд.