4
Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ поднесе оставка на таа функција, поради трагедијата во Нови Сад кога при падот на настрешницата загинаа 14 лица, а потоа уште едно им подлегна на повредите во болница.
Оставката ја поднел до претседателот на Владата, Милош Вучевиќ.
„Благодарен сум на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, за довербата и наградата. За него и за Србија, јас сум секогаш тука“, наведе Момировиќ.
Момировиќ од 2020 до 2022 година беше министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура.
Оставка поднесе и в.д. директорката на железници инфраструктура Јелена Танасковиќ.
Освен нив, претходно оставка поднесе и министерот за градежништво и инфраструктура Горан Весиќ.