Уште двајца лекари починаа во Франција од корона вирусот

by fokus

Уште двајца лекари од Горна Рајна и Горна Сона денеска починаа од коронавирусот, соопшти попладнево Регионалната здравствена агенција (АРС) за Гранд Ест, јави дописникот на МИА.

Со ова бројот на починатите лекари заболени од коронавирусот се зголеми на пет, од кои дури четворица се од истокот на Франција, која е најпогодена. Еден од новопочинатите е 70-годишниот доктор по општа медицина Махен Рамлол, кој почина во неделата во болницата во Колмар, според АРС и медицински извор.

Другиот починат докрот е Оливие-Жак Шнелер (68) кој  почина минатиот викенд во болницата Тревенанс (Територијата на Белфорт).

Поврзани новости