Лиза Мурковски, републиканка сенатор и демократската конгресменка Мери Пелтола се повторно избрани за во Конгресот, соопшти синоќа Политико. Двете се од Аљаска, големи критичарки на поранешниот претседател Доналд Трамп и извојуваа победа над противкандидатите подржани од него.
Избирачкиот систем во Аљаска е заснован на преференцијално гласање, кое дозволува гласачите да рангираат повеќе кандидати наместо да изберат само еден. На овие избори, Мурковски и Пелтола победија без да освојат мнозинство од гласовите.
Според првичните резултати, републиканците го добија мнозинството во Претставничкоит дом на американскиот Конгрес со вкупно 220 од 435 места. Во Сенатот пак, демократоте имаат 50 освени од вкупно 100, а за едно сенатско место од Џорџија на 8 декември треба да се одржи втор круг на гласање, во кое се прогнозира победа на демократот Рафаел Варнок, демократ.