463
Институтот за јавно здравство на Косово вечерва соопшти дека во текот на денешниот ден се потврдени два нови случаи на заразени од Ковид-19, со што бројот на лицата носители на смртоносниот коронавирус се искачи на вкупно 19, објави МИА.
Во вечерашното соопштение на ИШПК се наведува дека новите два случаи се жители на Ѓаковица – 54-годишен маж и 49-годишна жена, кои деновиве се вратиле од градот Дизелдорф во Германија.
Институтот исто така информира дека досега се тестирани примероци од 284 лица.