361
Двајца демонстранти кои беа уапсени по протестите на петти мај, денеска беа осудени на условна казна затвор од три месеци, доколку го повторат делото во рок од една година. Тие пред судот ја признаа вината.
За другите двајца демонстранти кои одбија да ја признаат вината судењето ќе продолжи во петок. Обвинението за кое се товарат сите притворени од петти мај е „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие“.
Досега, судот изрече осум условни казни за демонстранти од протестот против полициска бруталност, а вујкото на Мартин Нешковски беше осуден на десет месеци затвор.