Уште два земјотреса во близина на Гостивар

by fokus

Уште два земјотреси со јачина од 3,8 и 3,6 степени според Рихтер се регистрирани денеска во временски период од еден ипол час, покажувваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Првиот земјотрес е со јачина 3.8 беше, а бил регистриран околу 12 часот на 18 километри југозападно од Гостивар.

Вториот околу 13 часот и 25 минути, 3.6 степени според Рихтер е регистриран на 16 километри југозападно од градот.

Овие два потреси следуваат по првиот земјотрес кој беше почувствуван на цела територија на нашата држава, со јачина од 5 степени според Рихтер со епицентар во Леуново, во мавровскиот регион, на 15 километри од Гостивар.

Во 6:23 часот е почувствуван уште еден потрес со јачина од 3,6 степени, што се толкува како афтершок по првиот удар.

Поврзани новости