Девет лица починаа од Ковид 19, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар регистрира во денешниот извештај министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (90г), хоспитализиран на 15 јуни. На Институот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат пациент од Скопје (64г).
Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациентка (70г) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни, пациент (61г) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје (57г), примен на 17 јуни. На барање на семејството е испишан од болница пациент од Скопје (64г), кој починал во кола по заминувaњето. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на ковид, а потврден позитивен по приемот.
Во КБ Тетово починати се две лица, пациент (60г), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70г), хоспитализирана на 15 јуни. Во ОБ Охрид вчера е починат пациент (64г), чиј позитивен резултат е потврден денес.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5196, бројката на оздравени пациенти е 1974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2975.