Новинарка од телевизијата на Канал 5 на прес конференцијата на министерот за здравство, Венко Филипче се вклучи и соопшти дека уште четворица новинари на Канал 5 се во самоизолација.
Сепак новинарите од Телма се интересираа што ќе биде и со новинарите од другите телевизии кои секојдневно се во контакт со своите колеги. Филипче објасни дека и за нив важат истите протоколи како и за сите други.
-Епидемиолозите денеска беа во комуникација со одговорните од телевизијата, се направија интервјуа со сите вработени коишто имале контакт, што се смета дека се од висок ризик, јас верувам дека и колегите од останатите медиуми како и сите други приватни контакти на тие лица којшто се смета дека се во ризик се веќе направени или ќе бидат направени во текот на утрешниот ден. Согласно тоа ќе бидат преземени соодветни мерки. Телевизијата е детално исчистена, за таа институција важат истите протоколи како и другите институции, рече Филипче.