156
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска именуваше нови в.д. медицински директори во дел од јавните здравствени установи.
Како што информираа од Министерството за здравство, медицински директор на универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ ќе биде проф. д-р Марија Срцева.
Од МЗ соопштија дека во Специјализирана болница за нефрологија-Струга в.д директор ќе биде д-р Берат Лена, додека на Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ се именува проф. д-р Цветанка Бајрактарова.
Министерот реши на Универзитетскиот институт за клиничка биохемија како в.д. директор да ја именува д-р Николина Гроздановска.