677
Во изминатото деноноќие, регистрирани се 573 оздравени пациенти од ковид 19, додека 32 лица починаа, сите во болнички услови.
Според Министерството за здравство, 11 починати лица се од Скопје (81, 79, 74, 73, 69, 67, 67, 66, 60, 50 и 42), 5 се од Тетово (78, 78, 65, 63 и 53), 4 од Гостивар (73, 72, 70 и 63), 3 од Куманово (80, 76 и 64), по 2 од Охрид (65 и 25) и Струмица (70 и 69) и по едно од Битола (70), Штип (58), Струга (81), Кочани (64) и Виница (47).
Досега, во земјата се направени вкупно 1.182.940 тестирања на ковид 19, а вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 179.587, бројката на оздравени пациенти е 158.441, на починати е 6.045, а бројот на активни случаи изнесува 15.101.