Уште 32 хоспитализирани пациенти во ковид-центрите во Скопје

by Fokus

Во ковид-центрите во Скопје, во последните 24 часа, се хоспитализирани 32 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, соопштија од Министерството за здравство.

Вкупно 486 лица, сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми: Тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид-центарот на Клиниката за неврологија, пет болни се хоспитализирани на ОРЛ, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и двајца на Очната клиника.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало пет нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника, во текот на вчерашниот ден, се примени осум пациенти.

Во изминатите 24 часа, дома се пуштени 12 оздравени пациенти.

Поврзани новости