Уште 29 луѓе чекаат спасувачи да ги извлечат од жичарница што виси во Анталија

by fokus

Најмалку еден човек загина, а десетина други се повредени при несреќа со жичарница во Анталија, град во јужниот дел на Турција. Несреќата настанала синоќа кога кабина од жичарницата удрила во оштетен потпорен столб, соопштија турските власти.

Еден од столбовите на жичарницата, од засега непознати причини се урнал, а луѓето во кабината, која се распаднала по ударот во столбот, паднале на карпеста површина.

Во текот на ноќта беа евакуирани 137 патници од 19 кабини, а уште 29 луѓе чекаат да бидат спасени и висат во една од кабините. Во спасувачката операција учествуваат осум хеликоптери и повеќе од 600 спасувачи. Сè уште се истражуваат причините за несреќата.

Поврзани новости