861
Во изминатото деноноќие, регистрирани се 492 оздравени пациенти од ковид 19, а 27 лица починале како последица на вирусот.
Притоа, 7 починати лица се од Скопје (84,79,78,67,67,66 и 60), 6 од Тетово (85,76,74,73,69 и 60), 5 од Гостивар (72,69,65,61 и 47), 3 од Кичево (48,46 и 45) и по едно од Куманово (74), Прилеп (57), Охрид (52), Штип (79), Струмица (70) и Македонски Брод (71).
Досега, во земјата се направени вкупно 1.130.975 тестирања, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 172.657. Бројката на оздравени пациенти е 153.640, на починати е 5.782, додека бројот на активни случаи изнесува 13.235.