676
Во Германија во изминатите 24 часа потврдени се 2.237 случаи на новиот коронавирус, со што бројот на инфицирани во земјата се искачи на 145.694, соопшти Институтот за инфективни болести Роберт Кох.
За еден ден починале 281 луѓе, со што бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 се искачи на 4.879.
Озравени се нешто помалку од 100.000 луѓе односно 4.200 повеќе од претходниот ден.