Уште 15 починати од ковид, вкупната бројка е 8.285

by Fokus

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 15 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 70г, 85г и 85г), 3 починати од Прилеп (71г, 72г и 82г), 2 починати лица од Битола (84г и 84г) и по едно починато лице од Гостивар (72г), Охрид (81г), Кочани (70г), Свети Николе (79г), Струмица (78г) и Штип (78г). Од пријавените лица 14 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се четири починати лица, од Скопје (1), Велес (1), Делчево (1) и Радовиш (1) на возраст од 72г до 75г. Пријавените се починати во период од 18.01.2022 до 22.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=19), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 17 се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.762.045 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, бројот на оздравени пациенти е 231.179, на починати е 8.285, а бројот на активни случаи изнесува 21.883.

Поврзани новости