568
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица, информираа од министерството за здравство.
Според податоците од ресорното министерство, 7 починати лица се од Скопје (44г, 54г, 61г, 67г, 71г, 73г и 94г), по 2 починати лица од Кавадарци (37г и 72г) и Радовиш (51г и 79г), по едно починато лице од Кратово (93г), Куманово (92г), Прилеп (82г) и Крива Паланка (78г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 2 починати лица со датум на смрт од 20.11.2021 до 24.11.2021. Регистрираните починати лица се од Кочани (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 74 и 77г. Двете лица се починати во болнички услови.