Уште 15 починати од ковид

by fokus

Во изминатото деноноќие пријавени се вкупно 15 починати лица од ковид 19, од кои 3 починале во домашни услови, а останатите во болнички услови.

Како што информираше Министерството за здравство, 3 од починатите лица се од Битола, по 2 лица се

од Скопје, Куманово, Тетово и Прилеп и по едно лице од Струга, Гостивар, Велес и Штип.

Досега, во земјата се направени вкупно 776.674 тестирања, при што вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.063, бројката на оздравени пациенти е 146.869, на починати е 5.311, а бројот на активни случаи изнесува 2.883 лица.

Поврзани новости