Уште 14 починати од ковид, најмногу од Скопје и Тетово

by fokus

Во изминатото деноноќие, регистрирани се 140 оздравени пациенти, а пријавени се 14 починати лица.

Според Министерството за здравство, по 4 починати лица се од Скопје (54,68,69 и 84) и Тетово (49,67,68 и 81), 3 починати лица се од Гостивар (49,72 и 74) и по едно од Куманово (72), Охрид (82) и Виница (77).

Досега, во земјата се направени вкупно 1.108.429 тестирања на ковид 19, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 168.872, бројката на оздравени пациенти е 152.098, на починати е 5.668, а бројот на активни случаи изнесува 11.106.

Поврзани новости