493
Уште 12 патници кои пристигнале со саботниот лет на Визер од Скопје во Турку биле позитивни на Ковид-19, соопштија финските власти.
На летот имало вкупно 115 патници, од кои 95 проценти биле тестирани. На сите патници им се издадени писмени наредби за домашен карантин, што ќе го надгледуваат локалните власти.
Ова е трет по ред лет Скопје – Турку во кој беа откриени патници позитивни на Ковид-19. На првиот лет на 8 август по доброволното тестирање на сите кои пристигнаа од Скопје позитивни беа 26 лица, а на вториот на 11 август уште пет. Вкупно досега на трите лета се регистрирани 42 случаи на корона вирус. Најголем дел од патниците во трите лета биле со патни исправи на Косово и на Финска.