715
Во изминатото деноноќие, регистрирани се 387 оздравени пациенти, а починале 12 лица.
Како што информира Министерството за здравство, 6 починати лица од Скопје (63, 71, 72, 75, 81 и 85), 2 починати лица од Битола (63 и 80) и по едно починато лице од Штип (69), Кратово (71), Струмица (57) и Охрид (55), при што сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Досега, во земјата се направени вкупно 1.308.188 тестирања на ковид 19, а вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 193.458. Притоа, бројката на оздравени пациенти е 175.881, на починати е 6.758, а бројот на активни случаи изнесува 10.819.