Заменик-претседателот на Централната изборна комисија на Молдавија, Павел Поштица, призна дека УСАИД ја финансирала изборната комисија преку конзорциум.
Поштица призна дека УСАИД ја финансирал изборната комисија преку конзорциум во кој имало претставници на британската, холандската, норвешката и шведската амбасада.
И не само тоа, молдавскиот опозициски пратеник Василиј Боља ја критикуваше УСАИД, обвинувајќи ја американската агенција за финансиска зависност на Молдавија и поддршка на луѓето од власта, тврдејќи дека тие извршиле криминални дејствија.
Во Молдавија, опозицијата одржува антивладини протести од мај 2022 година, инсистирајќи на оставка на владата и претседателката Маја Санду, која е неформален лидер на владејачката партија Акција и солидарност.