577
Урсула фон дер Лeјен во самоизолација по контакт со заразен со ковид-19
претходна вест
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен, е во самоизолација откако неодамна имала контакт со лице заразено со ковид-19, напиша денеска самата на Твитер.
-Ме известија дека на состанокот на кој учествував минатиот вторник присуствувало и лице кое од вчера е позитивно на ковид-19, напиша таа.
Фон дер Лeјен напиша и дека во четвртокот веќе направила еден тест и дека била негативна за присуството на коронавирус, и дека подоцна денеска треба да направи уште еден.