463
Германката Урсула фон дер Лејен е избрана за претседател на Европската комисија, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Досегашната германска министерка за одбрана, блиска на канцеларката Ангела Меркел беше избрана со тесно мнозинство од гласовите, односно за неа гласаа 383 европратеници, со што таа стана првата жена претседател на Европската комисија.
На Урсула фон дер Лејен и беа потребни 374 гласови од 747 европратеници кои се во моментов во Стразбур.