Доктор специјалист од Одделението за урологија во Општата болница Куманово е позитивен на коронавирус, потврдија од Центарот за јавно здравје во Куманово. Со тоа, во Кумановската болница досега се заболени 19 здравствени работници, од кои четворица доктори и останатите се медицински сестри и техничари.
„Во изминатите 24 часа има 7 позитивни на коронавирус во Куманово. Меѓу нив е и еден лекар од одделението за урологија. Тестирани се 75 здравствени работници од градот и кога ќе дојдат резултатите ќе покажат каква е состојбата“, изјави директорот Алиф Љатифи.
Вкупниот број на заболени во Куманово се искачи на 128 заболени и 7 починати од коронавирус. Во текот на денот направени се 25 тестови преку матичните лекари на Мој термин и со индикација 18 тестови.