Урнек на полномошно за лицата кои не можат физички да пристапат до банките

by Frosina Fakova

Владата на денешната седница го прифати заклучокот според кој Македонска банкарска асоцијација во соработка со деловните банки треба да изготви за лицата кои не се во можност физички да пристапат до банката, урнек на полномошно за отворање на трансакциска сметка и/или за поврзување на истата со социјалниот број и за користење на средства од парични права од социјална и детска заштита, кое Народната банка на РСМ и Министерството за финансии треба да потврдат дали е усогласено со релевантната законска и подзаконска регулатива.

Согласно заклучоците, Македонската банкарска асоцијација треба да достави информација за деловните банки кои имаат склучено договор со Македонска пошта, дали овие договори се применливи за исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства, како и да информираат кои банки планираат да склучат договор со Македонска пошта за вршење исплата на овие корисници, преку пошта со достава на средствата до нивниот дом.

Поврзани новости