429
Две лица се водат како исчезнати, а најмалку 30 лица, од кои четворица потешко, се повредени попладнево во експлозија на улицата Сен Жак во фреквентниот кварт Латино во центарот на Париз, соопшти полицијата.
Според сите информации, експлозијата била предизвикана од истекување на гас.
По експлозијата се урнала фасадата на зградата во која се наоѓа дизајнерското училиште на Американската академија во Париз, а пожарот зафатил и неколку околни згради. Ројтерс јавува дека спасувачите трагаат по две лица за кои се стравува дека се затрупани под урнатините.
Очевидци опишаа заглушувачка експлозија, проследена со џиновска огнена топка која се издигна над покривите на зградите на улицата Сен Жак, недалеку од катедралата Нотр Дам и паркот Луксембург.