Урнат дел од мостот во Крим, Украина вели ова е само почеток

by fokus

На Кримскиот мост што го спојува полуостровот со Русија утрово експлодира камион, при што се запалиле седум цистерни со гориво во воз што во тој момент минувал таму, соопшти рускиот национален антитерористички комитет.

Советникот на Зеленски, Михаил Подољак на Твитер објави фотографија од мостот на која се гледа еден урнат дел и порача дека ова е само почеток.

-Крим, мостот, почетокот. Се што е нелегално мора да биде уништено, се украдено мора да биде вратено на Украина, рускиот окупатор мора да биде протеран, напиша Подољак.

Поврзани новости