487
Дејан Митревски -Урко денеска не се појави во Кривичниот суд каде што треба да сведочи за случајот „Тенк“, во кој обвинет е Никола Груевски.
Одбраната на Груевски не беше информирана зошто Урко не се појави во судница, поради што судијката Добрила Кацарска им наложи да му се јават по телефон и да го повикаат.
За набавката на мерцедесот од 580.000 евра треба да сведочат осум сведоци, кои биле задолжени за обезбедување на Груевски додека беше премиер.
В.В.