407
Ураганот „Рослин“ денеска го засили интензитетот, доби јачина од трета категорија и тргна кон туристичката зона долж пацифичкиот брег на Мексико, соопшти американскиот Национален центар за урагани.
Се очекува максимална брзимна на ураганот од 195 километри на час и врнежи од 10 до 20 сантиметри по метар квадратен, пренесе „Ројтерс“.
Ураганот ќе добива на сила се додека се движи паралелно со југозападниот брег на Мексико, пред да почне да слабее крај мексиканската држава Нахарит.