Управниот суд го прифати приговорот на Коалицијата предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија и го поништи гласањето на гласачкото место бр.2011 во Општина Теарце за Изборна единица број 6.
„Основани се тужбените наводи за направени неправилности во постапката при донесувањето на оспореното решение, дека Државната изборна комисија оспореното решение, го донела во постапка и на начин кој е спротивен на пропишаните законски прописи а кои претставуваат гаранција дека органот пред се треба правилно да постапи а потоа мериторно да одлучува и да донесе акт законит од формален и од материјален карактер. Имено, Државната Изборна Комисија оспорениот управен акт го донела со 4 гласа „за“ и 4 гласа „против“ го одбила приговорот на Коалицијата, а еден член на ДИК – Субхи Јакупи, пред почетокот на гласањето ја напуштил просторијата и воопшто не гласал. Судот наоѓа дека од формално правен карактер не постои законска претпоставка за донесување на предметната одлука, ова од причини што деветиот член на ДИК – Субхи Јакупи, и покрај неговото учество во материјалната расправа по предметниот приговор, не може да се смета како воздржан глас бидејќи ја напуштил просторијата пред почетокот на гласањето, со изговор „се изземам од гласањето“, кое нешто е во спротивно на член 31 став 2 алинеја 34-б од Изборниот законик и член 40 став 4, став 5 и став 6 од Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори“, се вели во пресудата на Управниот суд.
На овој линк погледнете ги резултатите, според ДИК, од гласањето на избирачкото место 2011.