436
Управниот суд не добил никакво известување од Судскиот совет за одлуката за одземање на имунитетот на пет судии, вели во писмен одговор за ТВ21, претседателот на судот Бурим Сејдини. Тој вели дека според законот, судија не може кривично да одговара за донесена одлука.
„Преку официјално соопштение, на продолжението на 261-та на седница на советот на судиите на РМ, одржана на 17.08.2017, дознавме дека е донесена одлука за одземање на имунитетот, но не сме известени за кои судии станува збор“, се вели во пишаната реакција на Сејдини.
Во одбрана на судиите излезе и претседателот на Врховен, Јово Вангеловски. Според него уставот и законот ги штитат судиите за искажано мислење при носење на одлука.