568
Управниот суд ги отфрли жалбите на Алијанса за Албанците и на БЕСА за изборниот процес од 29 октомври, потврдувајќи го на тој начин резултатот од гласањето во Струга, Тетово и Чаир.
Вкупно имаше 16 жалби до Управниот суд, од кои 11 на Алијанса за Албанците на Зијадин Селa, четири од Движењето Беса, додека еден беше од НДМ.
Претходно, Државната изборна комисија ги отфрли сите приговори поврзани со вториот круг од локалните избори, па политичките партии се обратија до судот.