Управниот и надзорниот одбор на „Дрисла“ да поведе постапка против директорот, ќе бара советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија „Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните“ рече дека на следната седница на Советот на Градот советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе побара од надзорните и управните одбори на ЈП „Дрисла“ да покрене постапка против директорот. Тој рече дека ќе побараат и ЈП„Комунална хигиена“ да достави извештај за работењето за да се виде кои и колку вработени не оделе на работа.

„На следната седница на советот на Град Скопје ќе побарам од Надзорните и Управните одбори да покренат постапка против директорот на ЈП „Дрисла“, ја имаат таа надлежност и во исто време ќе побара од Надзорниот и Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена да достави извештај за работењето и да видиме кои и колку се тие вработени кои што не оделе на работа“, рече Андоновски.

Ова барање од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако минатата недела вработените во ЈП„Комунална хигиена“ во знак на револт за избркани колеги и со барање за зголемување на платите одбија да го собираат сметот од контејнерите и улиците во Скопје. Поради нивниот протест градот неколку дена беше преплавен со ѓубре и смрдеа, а завчера дел од скопските градоначалници се самоорганизираа и почнаа да го собираат сметот. Тие собраното ѓубре се обидоа да го одложат во „Дрисла“ но вработените не дозволија, со објаснување дека општина Кисела Вода и Аеродром немаат договор со нив и постоечките договори им се иистечени во март.

Блокирањето на општините Аеродром и Кисела Вода да го одложат сметот во депонијата „Дрисла“ според Андоновски градоналничката на Скопје Данела Арсовска намерно ја блокирала акцијата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се со цел да прикаже дека наводно таа го решава проблемот.

„Ова затворање на депонијата Дрсла мене ми е очекувано, но мора да се има на ум дека таа депонија е на сите нас. Тоа е јавно претпријатие на сите нас, и додаде дека со тоа се блокирала акцијата на градоначалниците. Јас проверував дали депонијата Дрисла има работно време, но тие работат 24 часа и може во било кое време да се јавите и да одложите отпад. И со тоа се блокираше акцијата на градоначалниците. Зошто? За да може градоначалничката да се размавне и да покаже дека таа го решава проблемот“, рече Андоновски.

Тој раскажа дека градоначалничката Арсовска ѓубрето го собирала така што багер од ЈП„Улици и Патишта“, ги буткаше контејнерите на улица, поминува друг багер ги собира и ги товара во камиони на ЈП’„Водовод и канализација’“, а на крај  пратена е Пожарна да ги мие улиците.

„Значи пожарникари ги миеја улиците од расфрланото ѓубре од страна на градот“, рече Андоновски.

Тој рече дека и денес градските улици и контејнерите се полни со ѓубре, и покрај фалбите од градот дека се исчистени.

„Градоначалничката Арсовска влезе во клановска битка со една политичка партија и во рамки на таа клановска битка таа се одлучи да брка луѓе од работа од Комунална хигиена. И внимавајте тоа не го направи пред две години кога дојде на функција. Таа чекаше една година прво со тогашниот директор па го разреши, па дојде директорката Мазнева и со нејзе 11 месеци чекаше да види дали овие луѓе биле во Германија или не биле, а во исто време треба да потсетам дека директорката во првите 2-3 недели од нејзиното функционирање имаше еден тек на непродолжување на договори на дело, затоа што повторни тезата беше овие луѓе не доаѓаат на работа и никој не ги видел“, изјави Андоновски.

 

 

 

 

Поврзани новости