495
Управниот суд денеска одлучи оти е беспредметно барањето на пратениците на СДСМ за одлагање на верификацијата на нивните мандати. Одлуката судот ја темели врз основа на тоа што тужбата за овој спор ја оцени како недозволена.
„Пред Управниот суд не може да се поведе управен спор за работи, за кои врз основа на уставните овластувања директно одлучува Собранието“, стои во судската одлука.
СДСМ минатиот петок побара Управниот суд да воведе времена мерка за стопирање на одлуката на Собранието со која се верификуваа мандатите на пратениците од оваа опозициска партија.