37
Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби од Европскиот фронт, поднесени против решенијата на Државната изборна комисија поврзани со изборите одржани на 8 мај.
Со тоа се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица. Прегласувањето треба да се случи на 22 мај и може да влијае на конечните резултати од гласањето.
Одлуките предизвикаа реакции кај политичките партии.
Одлуката на Управниот суд ја поздравија од коалицијата „Вреди“, оценувајќи дека е во согласност со волјата на граѓаните, додека пак од „Европскиот фронт“ претходно обвинија за изборен инженеринг.