Управата за матични книги не е дел од истрагата за лажните пасоши, иако се злоупотребија матични броеви

by fokus

Управата за матични книги не е дел од истрагата што се води за лажните пасоши коишто им се издавале на меѓународни криминалци, изјави вечерва на Топ тема, Јасна Пецевска од Управата за матични книги.

На прашањето како може меѓународни криминалци барани со потерница да добијат матични броеви и да извадат македонски пасош, а околу 700 млади лица, меѓу кои беше и сега веќе починатиот Тони Сали, се „борат“ да бидат впишани во евиденцијата, Пецевска упати на одговори во МВР.

-За матичните броеви е надлежно Министерството за внатрешни работи и прашањето е за нив. Управата за водење на матични книги единствено врши запишување во книгата на родените, матичните броеви ги определува Министерството за внатрешни работи. Истрагата уште се води, јас колку што сум запозната, вработени од Управата не се дел од истрагата , таа се води кај колегите од МВР, каде има база на матични броеви. Тие го определуваат матичниот број и до нас го доставуваат. Тоа се некои работи кои паралелно се одвиваат при запишување на новороденче , но пасошот се издава врз базата која тие ја водат, а не врз основа на нашата база, рече Пецевска.

Додека Народниот правобранител алармира за голем број неевидентирани лица, истрагата на МВР за издавањето на лажни пасоши се уште трае и засега со минимални затворски казни завршија само службениците од пасошкото одделение.

Поврзани новости