Државниот завод за ревизија денеска го објави Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Јавно радиодифузно претпријатие „Македонска Радиотелевизија Скопје“.
Веднаш после нив со реакција се јави и Управата за финансиска полиција.
Оттаму тврдат дека во 2019 година тие поднеле кривична пријава против Марјан Цветковски.
„Конкретно за Кредит од 2.5 милиони евра по каматна стапка по 12% од Комерцијална банка за пази- ТЕКОВНО РАБОТЕЊЕ И СЕРВИСИРАЊЕ НА ОБВРСКИ НА МРТВ, притоа ставајќи го под хипотека целиот имот на МРТ и сето тоа Марјан Цветковски го прави без добиена согласност од сопственикот на МРТВ- Собранието. Тоа е како јас да одам на нотар и да го продадам/ заложам вашиот стан без ваша согласност. Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција експресно ја отфрли тас кривична пријава“, се наведува во реакцијата.