Утринава, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, на социјалната мрежа фејсбук објави дека во неговиот дом упаднала Финасова полиција. Од Управата за финансиска полиција пак коментираат дека не е точно дека упаднале во домот на пратеникот.
-Не е точно дека е упаднато во домот на пратеникот Јаулески. Точно е дека утринава имавме претрес, во дом во Скопје, но не сме зналеле дека тоа е домот на таткото на пратеникот. Претресот е извршен со наредба од суд, а во соработка со Обвинителството, неофицијално коментираат од Управата за „Фокус“.
Дознаваме дека таткото на пратеникот е вработен како раководител на секторот за јавни набавки во ЕВН.
Од Управата за финансиска полиција велат дека нaскоро ќе излезат со официјално соопштение за случајот, а неофицијално додаваат дека станува збор за многу голем предмет.
Валентина Вурмо