На факултетите ќе може да се запишат учениците од завршните години од учебната 2019/2020 година со дипломата од завршено средно образование, објави министерот за образование и наука Арбер Адеми.
-Ги уредивме и уписите во оваа академска година на високообразовните установи, покрај веќе утврдените услови ќе можат да се запишат и учениците од завршните години од учебната 2019/2020 година со дипломата од завршено средно образование, објави Адеми на својот Фејсбук-профил.
Владата во четвртокот ги донесе следните одлуки, укинување на државната матура, училишната матура и завршниот испит за учениците од завршните години запишани во оваа учебна година, учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи, а уписот на првачињата ќе се врши во јуни наместо во мај.