Упатството на Лога за графа националност во изводите на родените денес на Уставен суд

by Fokus

Уставниот суд на денешната седница ќе расправа за шест иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, меѓу кои и за иницијативата за оценување на  уставноста и законитоста на Уптатството за водење матични книги, што неодамна го донесе Министертсвото за правда.

„На денешната седница ќе се разгледува пспорен акт: Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги“, соопшти Уставниот суд, кој е и подносител на иницијативата.

Со ова упатство во изводите на родените се додава графа за националност, што според министерот Кренер Лога е согласно законот за матични евиденции и со него се олеснува подобра контрола при вработување во јавна администрација дали некој се пишува во друга националност за да може да се вработи.

Ова упатство бугарските невладини организации го искористија за пропаганда во Македонија, повикувајќи ги македонските граѓани кои сакаат да извадат бугарски пасош да извадат ваков извод каде во националност ќе пишат дека се Бугари и на тој начин полесно ќе добијат патна исправа.

Упатството наиде на остра критика од јавноста и одстручната јавност, која побара тоа да се укине. Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда вчера  рече дека е добра вест што Уставниот суд ќе расправа за ова уптатство, кое според неа треба да се поништи. Таа објасни дека со него се кршат повеќе меѓународни конвенции и дговори, меѓу кои и правото на граѓаните за заштита на сензитивни прашања.

 

 

Поврзани новости