Две лица се уапсени откако две лица ја урнаа оградата на поликлиниката „Бит Пазар“ со багер и во дворот на своја рака почнале со градежни работи за изведба на паркинг, иако немале добиено дозвола од општина чаир, потврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
-Тоа, би рекол, е обид за узурпација и градба. Никој не може да ја нарушува сопственоста, независно дали се работи за државна или приватна. Пријавено е во полиција, излезено е на лице место, приведени се две лица од Скопје и притоа е известен јавниот обвинител по чија наредба е одеземна градежната машина. Во текот на денешниот ден се процесуира кривичната пријава и ќе оди по брза постапка. Лицата ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, кажа Спасовски.
Упадот се случил синоќа околу 19 часот, чуварот ги известил директорите, а за ова алармираше директорот на Здравствениот дом, Виктор Исјановски.
Фото: Канал 5