Унковски и семејството Стефановски дадоа дозвола за емитување на „Бушава азбука“ за пополнување на времето на децата

by fokus

Режисерот Слободан Унковски вечерва преку порака на Фејсбук го извести министерот Венко Филипче дека тој и семејството на Горан Стефановски и дале дозвола на МРТ бесплатно да ја емитува серијата „Бушава азбука“ со цел да им се пополни времето на децата кои седат дома поради корона вирусот.

-Драг Венко,
овде Слободан Унковски. Со семејството на Горан Стефановски, денес и дадовме дозвола на МТВ да ја репризира бесплатно БУШАВАТА АЗБУКА, едукативна серија за деца во 31 епизода…Малку да помогнеме во пополнување на времето кога не се оди во школо. Ќе почне да игра од утре, прекуутре, два пати дневно. Срдечен поздрав и почит, Унко, напиша Унковски.

ФОТО: Томислав Георгиев

Поврзани новости