Одлуката на МОН дека е потребен Синдикат на вработени на УКИМ за да се зголеми платата на вработените во јавните универзитети, ги налути професорите.
– Ова навистина не загрижува. Не знаеме дали ова тело е регистрирано. Погубно е кога ректорите ни ја уништуваат автономноста. Да не им се смееме на пензионерите кои се продадоа за петстотки, истакна професорката Мира Беќар од Филолошки факултет.
Горан Јанев од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања исто не е задоволен од ваквата одлука.
-Срамно е ова. Принудени сме да се продадеме. Ваквото зголемување не ни парира со другите сектори во општесрвото. Ова е показател дека немаме свесност дека високото образование е јавно добро. Се намалува бројот на студенти. Сето друго е заборавено од општеството. Вакво нешто е срамен чин. Да се одбие овој предлог како срамен”, истакна тој.
Ј.Ц.