Универзална ќе се заврши, но само однадвор

by Фокус

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на брифинг со новинарите истакна дека е почната реконструкција на Универзална сала, но за внатрешната реконструкција, како што рече, претходната градска власт воопшто нема проект.

-Проектот за реконструкција на Универзалната сала продолжува, тоа е тековен проект финансиран од Владата – објасни градоначалничката Арсовска.

Во однос на втората фаза од реализацијата на овој проект, односно за внатрешното реконструирање на Универзална сала, таа додаде дека нема проектна документација, а не се обезбедени ниту финансиски средства.

Поврзани новости